Ѕирнете во најновиот јапонски панда-воз

Ѕирнете во најновиот јапонски панда-воз

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Од соработката меѓу „Џеј-ар вест Џапен“ и „Адвенчр ворлд“ произлезе новиот воз кој ќе почне со работа од 23 јули, а е дизајниран во форма на симпатична панда. Имајќи ја предвид темата „Цели за одржлив развој“, новиот дизајн е наменет да работи до 2023 година, поаѓајќи од станицата Кјото.

Наречен „Панда курошио“ (Панда црно-бела), јапонскиот воз бил создаден од компаниите со желба луѓето да се среќаваат, да инспирираат насмевки и да придонесе за безбедна, сигурна и просперитетна иднина. Компаниите се надеваат дека ќе може да се изградат врски и односи меѓу сите присутни во возот, од патници и работници, до заедници каде што минува возот.

1

Секако, првото нешто што сите го забележуваат во врска со овој дизајн е џиновското лице на панда на предната страна на возот, но ако погледнете одблизу, ќе забележите дека има и една мала панда што седи на главата.

Идејата за родител и дете панда е симбол за „одржлива насмевка“ што се пренесува низ генерациите. Исто така, има различни бои и дизајни во секој вагон, од зелена боја за здравје и безбедност до црвена за родова еднаквост.

2

4

Со оглед на тоа што „Адвенчр ворлд“ во Вакајама, Јапонија, има околу 1.400 животни во својот парк, се чини дека е соодветно што главниот дизајн е семејство на панда. Целта на паркот е да создаде светла и просперитетна иднина, а тоа го прави со размножување на ретки животни, како што се џиновските панди. Паркот постојано работи на истражување за конзервација.

3

Ова е поврзано со концептот на „Цели за одржлив развој“. Голем дел од овие цели е да се создаде побогата врска помеѓу луѓето, животните и природата. Буквално поврзувајќи ги луѓето со природата, „Адвенчр ворлд“ се надева дека кај луѓето ќе предизвика љубов кон природата и животните уште од мала возраст, што резултира во поактивно учество во конзервацијата.

Извор: Livejapan.com
Фотографии: Livejapan