„Нетфликс“ ги објави најгледаните оригинални филмови на својата платформа

„Нетфликс“ ги објави најгледаните оригинални филмови на својата платформа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Нетфликс“ ги објави најгледаните оригинални филмови во првите четири недели од нивното излегување.

Акцијата со Крис Хемсворт - „Екстракција“ е најгледаниот филм на „Нетфликс“. 99 милиони корисници од цел свет го гледале овој филм во првите четири недели од неговото излегување. Филмот е напишан од Џо и Ентони Русо, а режиран од Сем Харгрејв.


Фото: YouTube

На второ место се наоѓа „Птичја кутија“, филмот од 2018 во кој глуми Сандра Булок, кој бил гледан од 89 милиони корисници во првите четири недели. Следуваат „Спенсер: Доверливо“ со Марк Валберг, „Шест под земја“ со Рајан Рејнолдс и „Мистериозно убиство“ со Џенифер Анистон.

„Мистериозно убиство“ бил најпопуларен филм на „Нетфликс“ во 2019.

Најпопуларните оригинални филмови на „Нетфликс“

1. „Екстракција“ (Extraction) - 99 милиони прегледи во првите четири недели


2. „Птичја кутија“ (Bird box) - 89 милиони прегледи во првите четири недели


3. „Спенсер: Доверливо“ (Spenser Confidential) - 85 милиони прегледи во првите четири недели.


4. „Шесто подземје“ (6 underground) - 83 милиони прегледи во првите четири недели



5. „Мистериозно убиство“ (Murder mystery) - 73 милиони прегледи во првите четири недели


6. „Старата гарда“ (The old guard) - 72 милиони прегледи во првите четири недели


7. „Ирецот“ (The Irishman) - 64 милиони прегледи во првите четири недели


8. „Тројна граница“ (Triple frontier) - 63 милиони прегледи во првите четири недели


9. „Погрешната девојка“ (The wrong missy) - 59 милиони прегледи во првите четири недели


10. „Платформата“ (The platform) - 56 милиони прегледи во првите четири недели.


Автор: Еди Макуч
Извор: gamespot.com