Хрватска апликација за решавање математички задачи стана хит

Хрватска апликација за решавање математички задачи стана хит

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Компанијата „Епл“ деновиве прогласила една хрватска апликација за решавање математички задачи за апликација на денот. Станува збор за „Фотомат“ (Photomath), мобилна апликација зад која стои истоимената фирма основана од Дамир Сабол.

Апликацијата моментално ја користат околу 195 милиони корисници и овој број само се зголемува. Како што вели Сабол, се очекува да стигне до 200 милиони корисници наскоро. Најмногу од корисниците, околу една четвртина, се од САД. Следуваат Русија, Бразил, европските земји и Индонезија.

Сабол ја основал фирмата во 2014 година. Денес има 65 вработени во Хрватска и 10 во Силициумската долина во САД. Фирмата е позната по споменатата апликација што на корисниците им овозможува да сликаат математичка задача и потоа да добијат решение, како и објаснување како се стигнало до тоа решение.

View this post on Instagram

Photomath in action 😉 Photo by: @brachianoo

A post shared by Photomath (@photomath) on



Како што вели Сабол, на прв поглед апликацијата изгледа едноставна, но зад неа стои голем труд. Затоа во „Фотомат“ и понатаму се фокусираат на таа апликација и нејзиниот понатамошен развој. Инаку, апликацијата е бесплатна, но се наплаќаат посложените содржини.

- Математика учат милијарда луѓе во светот, тоа е голем пазар - вели Сабол.

Тој додава дека апликацијата добила значителен број корисници во екот на пандемијата на коронавирусот, односно во април и мај. Училиштата и факултетите не беа отворени, па многу ученици и студенти ја презеле апликацијата за да решаваат математички задачи и да ги разберат математичките операции.

Преземете ја апликацијата за „iOS“ овде и за „Андроид“ овде.

Автор: Адријано Милован
Извор: index.hr