Научниците со отворено барање до Американците: „Не тестирајте домашно направени вакцини за Ковид-19“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Научници имаат отворено барање до граѓаните на САД во нов труд објавен во списанието „
Сајенс“ - да престанат да експериментираат со вакцини против Ковид-19 направени дома.
Еден од авторите е Џејкоб Шерков, професор по право на Универзитетот во Илиноис.
- Сите сочувствуваме со идејата дека луѓето сакаат да се заштитат од вирусот. Но луѓето треба да разберат дека секој домашно направен лек нема да помогне, а некои може да бидат и фатални - вели Шерков.
Фото: Pixabay
Еден од најпознатите случаи на вакцини против
Ковид-19 направени надвор од фармацевтската индустрија е на група истражувачи во градот Кембриџ, Масачустс, водени од генетичарот Џорџ Чрч од „Харвард“. Тие веќе почнале да ја тестираат експерименталната вакцина на себеси, пријателите и на семејството.
Во друг случај, биотехнолошка фирма продавала недокажана вакцина за 400 долари.
Како што вели Шерков, луѓето треба да знаат дека дури и експериментирањето на себеси без официјално одобрување од соодветните власти не е легално. Во трудот се зборува и за потенцијално опасните домашни алтернативи на лековите што се тестираат за болеста предизвикана од новиот коронавирус.
Автор: Џон Кристијан
Извор:
futurism.com