Вештачка интелигенција покажува како би изгледале некои познати личности кога би биле живи денес

Вештачка интелигенција покажува како би изгледале некои познати личности кога би биле живи денес

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Постојат многу познати личности кои неочекувано починаа на млади години. Но, дали можете да замислите како би изгледале како постари?

Со помош на технологијата за вештачка интелигенција, фотографот Алпер Јесилтас создал серијал наречен „Како ништо да не се случило“, што навидум ги враќа во живот иконите на поп-културата. Познатите личности, вклучувајќи ги Хит Леџер, Фреди Меркјури и Курт Кобејн, се „остарени“ на начин што изгледа исклучително веродостојно. Портретите изгледаат како ликовите неодамна да седнале да се фотографираат.

Јесилтас вели дека е доста возбуден од можностите на вештачката интелигенција. Како што вели, со помош на вештачката интелигенција сè што може да се замисли може да се покаже реално, па токму тоа го инспирирало да почне да експериментира со неа.

- Кога почнав да се занимавам со технологијата, видов што можам да направам и размислував што ќе ме направи најсреќен: сакав повторно да видам некои од луѓето што ми недостигаат - вели тој. Токму така се родил проектот „Како ништо да не се случило“.

Погледнете некои од фотографиите од познатите личности кои Јесилтас ги врати во живот.

дијана
Принцезата Дијана

Џими
Џими Хендрикс

елвис
Елвис Присли

фреди
Фреди Меркјури

хит
Хит Леџер

2
Џенис Џоплин

џон
Џон Ленон

курт кобејн
Курт Кобејн

мајкл
Мајкл Џексон

тупак
Тупак Шакур

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram