Какви се платите во Словенија? Подобра минимална плата, најплатени најстарите, жените потценети

Какви се платите во Словенија? Подобра минимална плата, најплатени најстарите, жените потценети

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Платите во Словенија отсекогаш биле повисоки отколку во другите земји од поранешна Југославија. Така е и денес, со тоа што разликата е уште поизразена кога се споредува минималната плата. Платите во Словенија се зголемуваат со возраста, а мажите се платени повеќе од жените.

Просечната нето-плата во Словенија во 2023 година беше 1.445 евра. Минатата година минималната плата во Словенија беше 1.203 евра.

„Форбс Словенија“ пренесува податоци од Заводот за статистика на Словенија за октомври 2023 година кои откриваат како се платени Словенците по возраст и пол.

Жените се помалку платени, но најстарите имаат најдобар просек од сите


Ако се игнорираат малите отстапки, може да се види дека платите се зголемуваат со стажот. Најмалата старосна група од 15 до 24 години имаат најскромна просечна плата (само 1.046 евра нето-плата), а најстарите, кои и по 65. година не заминале во пензија, земаат највисока плата - 1.675 евра.

1

Единствено мало отстапување може да се забележи кај оние меѓу 55 и 64 години кои имаат нешто пониска плата од трендот „колку постар, толку поголема плата“.

1

Трендот на растот на платите со возраста е идентичен и кај жените, но нивниот просек е нешто помал отколку кај мажите. Единствен исклучок се оние над 65 години чиј просек е и рекордер во сите групи. Најстарите вработени жени имаат просечна нето-плата од 1.715 евра.

Извор: Forbes.n1info.hr
Фото: Freepik