Серијата „Чернобил“ е најдобра мини-серија со највисока просечна оцена по епизода

Серијата „Чернобил“ е најдобра мини-серија со највисока просечна оцена по епизода

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Серијата „Чернобил“ е прогласена за мини-серија со највисока просечна оцена по епизода, победувајќи ја познатата серија „Браќа по оружје“ на Стивен Спилберг.

Поради многу причини, „Чернобил“ се смета за вистинско-ремек дело. Освен мајсторството на нејзините креатори и актери, серијата има едно нешто што ја прави застрашувачка: прикажува настани од реалниот живот. Вистинските настани продолжуваат да го прогонуваат човештвото како целина. Со ова, серијата ја хипнотизира публиката и покрај тоа што има само пет епизоди.

На веб-страницата „Ротен томејтос“ има рејтинг од 95 отсто и беше прогласена за една од најдобрите серии на сите времиња. Со оглед на тоа колку признанија доби проектот, нормално е да собори неколку рекорди.

Најимпресивниот рекорд на „Чернобил“

Создадена од Крег Мазин, серијата немаше позната актерска екипа. Во неа глумеа актери познати по своите вештини, а не по култни улоги, така што серијата се потпираше на нивниот талент.

Серијата е совршена во речиси секој поглед, осигурувајќи дека сè, од осветлување до дијалог, па дури и сетот, е совршено. Сосема е природно ваквото внимание на деталите да се исплати на крајот. Според веб-страницата IMDb, серијата го држи рекордот за мини-серија со највисока просечна оцена на епизоди.

Највисоко оценетата епизода од серијата е последната, со оцена 9,8. Најслаба оцена има четвртата епизода од серијата, 9,3.

„Браќа по оружје“ е на високо место, но не успеа да го собори рекордот на „Чернобил“


Стивен Спилерг е легенда во Холивуд. Тој создаде некои од најуспешните и најкултни филмови досега и успеа да обезбеди неколку номинации за „Оскар“, а има и освоено златна статуетка. Имајќи го ова на ум, не е чудно што кога режисерот ја направи мини-серијата „Браќа по оружје“ во 2001 година, таа доби големо признание.

Проектот беше одличен на секој можен начин, но неговиот рејтинг не е толку импресивен како „Чернобил“. Според IMDb, највисоко оценетата епизода на серијата е деветтата, со оцена 9,5. Истовремено, најниската оцена за епизода е 8,6, односно првата епизода.



Извор: Fandomwire.com
Фото: Screenshot/YouTube