Некои корисници може да го отстранат „Мајкрософт еџ“ од компјутерот

Некои корисници може да го отстранат „Мајкрософт еџ“ од компјутерот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои корисници на оперативниот систем „Мајкрософт виндоус“ ќе може да го избришат прелистувачот „Мајкрософт еџ“.

Прелистувачот може да се отстрани од компјутерот благодарение на регулативата за дигитални пазари на Европската Унија (ЕУ) чија цел е да ги намали влијанието и доминацијата на големите технолошки компании.

Меѓутоа, нема сите да ја имаат можноста за отстранување на прелистувачот. Тоа ќе може да го сторат само корисниците што живеат во ЕУ.

Сепак, сите корисници ќе може да ги отстранат апликациите „Камера“, „Кортана“ и „Фотографии“.

Новата регулатива на ЕУ стапува во сила во март 2024.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Freepik