Цел живот погрешно играме „Монопол“: Дали ги знаете овие правила?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Класичната друштвена игра „Монопол“, за која често се мисли дека е бесконечна, всушност, има крај кој не вклучува само расправии околу улогата на банкарот или спорови околу „киријата“ по стапнувањето на туѓ имот.
И покрај многуте тематски изданија, основните правила остануваат исти. Официјалните упатства опфаќаат сценарија, на пример, што да се прави кога банката ќе остане без пари и можноста за собирање пари во затвор.
Еден корисник на „Тик-ток“ објави видео во кое ги решава долгогодишните семејни спорови, посочувајќи некои помалку познати официјални правила, сугерирајќи дека тие треба да имаат предност пред правилата што си ги создавате вие како семејство.
- За време на божиќните празници веројатно барем еднаш ќе играте „Монопол“. Но, веројатно играте според ваши правила, а не по официјалните - вели тој споделувајќи краток преглед на вистинските правила.
Едно од клучните правила што овој корисник ги истакна, а кое може да изненади многумина, е поврзано со купувањето недвижен имот.
- Можете веднаш да почнете да купувате недвижен имот. Не треба да помине еден круг - вели Танер.
Второто правило ја појаснува намената на полето за бесплатен паркинг. Танер објаснува дека многу играчи веруваат дека сите даноци одат на средина, а лицето што стапнува на полето за бесплатен паркинг добива сѐ, но не е точно.
- Бесплатниот паркинг е само поле што нема никаква намена - вели Танер.
Според друго официјално правило, кога играчот одбива да купи имот, имотот оди на аукција, дозволувајќи им на другите играчи да се наддаваат за него.
- Според официјалните правила, кога играчот доаѓа на имот и никој не сака да го купи, тој имот оди на лицитација.
Некои играчи може да претпостават дека стигнувањето до полето „Почеток“ (англ. Start) носи награда, како што се дополнителни пари, но тоа не е споменато во официјалните правила.
Друго спорно правило се однесува на ситуацијата кога играчот банкротира. Според Танер, недвижниот имот и преостанатите пари не одат во банка, туку кај играчот на кој му должите пари.
Извор:
n1info.rs
Фото:
Wikipedia