Научник тврди дека дешифрирал натпис стар 2.600 години пронајден во Турција
Марк Мун, професор по старогрчка историја и археологија на Државниот универзитет во Пенсилванија, тврди дека дешифрирал древен, тешко оштетен натпис издлабен во споменик стар 2.600 години, во Турција.
Споменикот, на кој се врежани слики од лавови и сфинги, е познат како „Арслан каја“, што на турски значи „лавовска карпа“. На натписот се гледа и името Матеран, божицата на Фригијците, која живеела во областа на денешна Турција од приближно 1.200 до 600 пр.н.е. Ја знаеле едноставно како Мајка. Други древни култури, исто така, ја обожувале Матеран.
- Грците ја познаваа како Мајка на боговите - вели Мун, истакнувајќи дека Римјаните ја нарекувале „Магна матер“ или „Голема мајка“.
Во времето кога бил изграден споменикот, кралството познато како „Лидија“, кое исто така ја почитувало Матеран, владеело со областа, според информациите на Мун, напишани во трудот објавен на 24 октомври во списанието „Кадмос“.
Споменикот бил тешко оштетен од временските услови и ограбувачите, па исклучително е тешко да се прочита натписот. За да ја разреши мистеријата, Ман детално го фотографирал натписот со добро светло и повторно ги разгледал постарите фотографии и записите од натписот.
- Многу зависи од тоа колку е добра светлината кога се сликаат фотографиите - напишал Ман во написот, истакнувајќи дека светлината била особено добра утрото на 25 април 2024 година.
Има смисла споменикот да го носи името на Матеран бидејќи содржи и слика на божицата, како што вели Мун. Името Матеран веројатно би било дел од поголем натпис кој објаснува кој го нарачал натписот и која е Матеран. Тој, исто така, испитувал различни стилски детали на споменикот, кои го поддржуваат датумот на натписот од првата половина или средината на 6 век пр.н.е.
Сепак, Ростислав Орешко, предавач на Практичната школа за напредни студии во Франција, кој спровел опсежно истражување на фригиските натписи, но не бил вклучен во истражувањето, рекол дека делото не нуди ново толкување.
- Написот на Мун во „Кадмос“ не предлага ништо радикално ново за натписот, туку едноставно го поправа читањето. Читањето „Матеран“, кое се однесува на добро позната фригиска божица, е предложено уште во 19 век - изјавил, истакнувајќи дека наодите на Ман го поддржуваат тоа толкување.
Дебатата за натписот трае повеќе од еден век, а времето ќе покаже дали сега е при крај.
Извор: klix.ba
Фото: Daphnusia via Alamy Stock Photo