Скулптури зад кои се крие емотивна приказна

Скулптури зад кои се крие емотивна приказна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Давајќи му сосема ново значење на терминот „камено срце“, некои уметници низ светот им додаваат такви емоции на своите скулптури, што нивната работа ги освојува луѓето од цел свет.

Доставувајќи моќни пораки без да изговорат ниту еден збор, овие скулптури предизвикуваат илјадници емоции кај луѓето.

1. „Нело и Патраше“

1
Фото: Getty Images


Пред катедралата во Антверпен, Белгија, има масивна статуа од момче кое спие со неговото куче под ќебе од камен. На прв поглед статуата изгледа симпатична, но приказната за неа ќе ви го скрши срцето. Скулптурата е од Нело и неговото спасено милениче Патраше, херои од позната бајка од 19 век. Во текот на животот Нело се соочил со многу борби, вклучувајќи и сиромаштија и глад и на крајот го изгубил животот замрзнувајќи до смрт во црквата заедно со неговиот најдобар пријател до него.

2. Експанзија

2
Фото:Instagram

Оваа моќна скулптура од Пејџ Бредли можеби нема посебна приказна, но го отсликува она што го носиме сите во себе. Со право наречена „Експанзија“, оваа фигура се однесува на нашиот потенцијал што е затрупан од заморните часови, очекувањата и недоразбирањата.

Уморна од одбивања, уметницата зела совршено извајана фигура на жена што медитира и ја удрила од подот. Тогаш Пејџ го пронашла вистинското значење на скулптурата, па ги составила парчињата.

Статуата во моментов е дел од приватна колекција во Њујорк, но Пејџ се обидува да ја направи јавна.

3. Врзан пиштол

3
Фото: Getty Images


Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се наоѓа револвер „магнум“ што е врзан. Скулптурата е позната и како „Ненасилство“, а приказната има уште поголемо значење. Ова бронзено дело е создадено од Карл Фредрик Ројтеврвард, во спомен на неговиот пријател и пејач Џон Ленон, во 1985 година. Џон беше застрелан од маж.

4. Љубов - деца заглавени во телата на возрасни

4
Фото: Instagram


Создадена од Александар Милов, оваа скулптура прикажува двајца возрасни свртени со грб, додека децата во нив копнеат еден по друг. Делото може да се толкува на различни начини - децата ги држат заедно родителите што сакаат да се разделат, љубовниците го ставаат нивното его на прво место, и возрасни кои го изгубиле детството во нивниот секојдневен живот.

5. Чевли на брегот на Дунав

1
Фото: Getty Images


За време на Втората светска војна од Евреите било побарано да ги остават чевлите зад себе и да застанат крај реката за да бидат убиени. Чевлите на брегот на Дунав е скулптура во која се наоѓаат чевли од железо, во спомен на 3.500 луѓе што ги загубиле животите крај реката, а се наоѓа во Будимпешта, Унгарија.

6. Статуата на Хачико

6
Фото: Getty Images


За многумина што секој ден го поминуваат преминот Шибуја во Токио статуата од куче може да значи само уште една скулптура, но за локалното население таа е многу повеќе од тоа.

Кучето Хачико било посвоено од универзитетскиот професор Уено. Секој ден Хачико на станицата чекал да се врати неговиот сопственик. Ова траело со години, кога еден ден професорот починал. Не знаејќи дека неговиот сопственик повеќе никогаш нема да се врати, Хачико продолжил да го чека на станицата повеќе од 9 години, сè додека и тој не починал.

7. Али и Нино (Маж и жена)

ali
Фото: Instagram


Од реалниот живот до Холивуд, сите сме сведоци на прекрасни љубовни приказни, но оваа е најемотивната.

Подвижните скулптури на маж и жена се дизајнирани од Тамара Квеситадзе, а ја прикажуваат тажната приказна за Али и Нино, љубовници кои не можеле да бидат заедно поради нивната различна религиозна заднина.

Во 19.00 часот секој ден, во Батуми, Грузија, скулптурите се движат едни кон други, споделувајќи краток бакнеж, и веднаш потоа се разидуваат и оддалечуваат.