Секој десетти вработен од дома работи гол, а повеќе од четвртина успеваат да отспијат во текот на работното време

Секој десетти вработен од дома работи гол, а повеќе од четвртина успеваат да отспијат во текот на работното време

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите на своја кожа го почувствувавме работењето од дома. Секако, има недостатоци, но има и големи предности. Една од нив е понеформалниот кодекс на облекување што многумина почнаа да го практикуваат, па почнаа да работат и голи.

Барем така вели едно истражување.

Секој десетти вработен што работи од дома не носи облека - ова е заклучокот на глобалното истражување на тема однесување што луѓето сакаат да го задржат во својата рутина и во иднина.

Анкетата го анализирала однесувањето на 8.000 вработени во мали и средни претпријатија и 11 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да работат без облека.

Покрај тоa што практикуваат да работат без облека, што е далеку од вообичаеното, повеќето испитаници во истражувањето на компанијата „Касперски“ едноставно откриле предност во работењето во поудобна облека: 48 отсто од вработените се навикнале на овој начин на живот и би сакале да стане норма во иднина. Фактот што повеќе не мора да патуваат на работа ги усреќи вработените, бидејќи тоа значи дека можат да се разбудат пет минути пред почетокот на работата, а многумина уживаат и во дремка во текот на денот (36 отсто).

rabotenje
Фото: Kaspersky

Повеќе серии и игри
 

Другите работи што им се допаѓаат на вработените се: подолг сон во текот на работната недела (36 отсто), маратонско гледање на „Нетфликс“ (23 отсто) и работа на отворено (градина или балкон - 27 отсто). Тие имале повеќе време за игри (18 отсто), нарачување храна од ресторани (16 отсто) и помалу пати се туширале (8 отсто).

Сето ова треба да се земе со резерва со оглед на тоа што постојат поголем број тешкотии со кои се соочивме како резултат на пандемијата. Тие првенствено се однесуваат на наоѓање рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот. Според наодите на Светскиот економски форум, вработените што работеле од дома оваа година се соочиле со предизвици поврзани со нивното ментално здравје и благосостојба, како што се предизвикот за грижа за децата додека истовремено работат од дома.

Сепак, некои вработени што се префрлиле на работа од дома откриле задоволство што сакаат да го задржат.

Извор: Kaspersky.com
Фото: Freepik