МОН: Студентите можат да аплицираат за надомест за превоз до 25 декември

МОН: Студентите можат да аплицираат за надомест за превоз до 25 декември

Министерството за образование и наука потсетува дека студентите кои аплицираат за остварување на правото на финансиски надомест за покривање на дел од трошоците за меѓуградски превоз се пријавуваат само електронски преку порталот e-uslugi,mon.gov.mk.

Аплицирањето трае заклучно со понеделник, 25.12.2023 година.

Студентите потребно е прикачат:
- потврда за редовен студент на државен универзитет; 
-уверение за државјанство; лична карта или друг документ за идентификација; 
-трансакциска сметка и 
-доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање. 

Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или принтскрин од цените објавени на веб-страницата на превозникот.

НЕ СЕ ПРИКАЧУВА пријава/изјава.