Николај Амосов: Најчесто човек се разболува поради мрзливост и алчност!

Николај Амосов: Најчесто човек се разболува поради мрзливост и алчност!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Николај Амосов бил голем научник, познат кардиолог кој спасил илјадници животи. Престанал да работи кога наполнил 79 години, а починал на 89-годишна возраст. Ги проучувал здравствените проблеми, методите за долг живот и самиот практикувал здрав живот.

- За мене, физичкото образование е еден од темелите на животот. Мора да ви ја раскажам мојата приказна. Раното детство ми помина без да имам програми за физички развој. Не научив да пливам, танцувам, да возам велосипед.

Поради тоа, во текот на школувањето и факултетското образование „бегал“ од часовите по физичко, но секогаш бил здрав. Првпат во војна добил радикулитис, а потоа му се случувало често.

Во 1954 година станало прилично лошо: имал промени во 'рбетот и тоа било видливо на рендген. Затоа сам создал гимнастика со 1.000 потези: 10 вежби, секоја со 100 повторувања. Тоа му помогнало. Додал и трчање во утринските часови. Постојано бил на диета - строго одржувал тежина од 54 килограми.

- Размислував за физиологијата на здравјето и резултатот беше начин на ограничување и оптоварување.

Што нè научи академик Амосов?


Самиот човек е виновен за своите болести. Најчесто е болен од мрзливост и алчност, но понекогаш и од неразумност, незнаење и недостиг на здрав разум.

Нема потреба да се потпирате на медицината, таа не може да ве научи како да станете здрави.

За да сте здрави, потребни ви се сопствените напори. За среќа, нашето тело е толку совршено што може целосно да се обнови. Потребни ни се поголеми напори како што се продлабочува нашата старост и нашите болести.

Четири состојби што се потребни за здравјето:

Физичка активност;
Ограничување во исхраната;
Загревање;
Време;
Можност за одмор.

Доволно е 20 до 30 минути физичко образование дневно. Во храната мора да бидете ограничени. Одржувајте ја тежината: висината (во сантиметри) минус најмалку 100, за жените е минус 110.

nikolaj

За да можете да издржите, потребен е карактер. Затоа, престанете да се жалите, туку почнете со работа.

Особено внимание посветил на темата исхрана. Амасов нагласил дека е важно што јадете и колку јадете. Истакнал колку е важно консумирањето минерали и витамини што можете да ги добиете само од свежо овошје и зеленчук. Најмалата доза е 300 грама дневно, а максимумот е 1 килограм. Замената на свежиот зеленчук со варен е погрешна затоа што при готвењето се уништуваат витамините.

Тој открил и многу недостатоци во областа на медицината:

1. Медицината може да излекува болести, но секоја година има сè повеќе и повеќе пациенти.

2. Лекарите се заслепени од верувањето во моќта на таблетите.

3. Во медицината фокусот е на болеста, а не на здравјето (постои голема недоверба во одбранбениот систем на организмот).

4. Советите помалку да се движите и да јадете повеќе за да оздравите се спротивни на човечката природа. Движењето, активноста на мускулите и делумниот глад ќе му помогнат на човек да закрепне, но и да не се разболи.

Човекот во суштина е издржлив. Во неволја е само поради нарушувањето на „работните“ функции, претераниот регулатор на условите во општествениот живот, што е во судир со биологијата.

Исфрлете го вишокот на храна и на топлина, вежбајте, движете се и исклучете ги психолошките стимуланси.