17-годишен средношколец открил нова планета додека бил на пракса во НАСА
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Летото во 2019 година, 17-годишниот средношколец Волф Кукиер од Њујорк започнал пракса во вселенски центар на американската вселенска агенција НАСА во Гринбелт. Неговата задача била да набљудува варијации во светлината на ѕвездите. Тинејџерот открил сосема нова планета во систем оддалечен на 1.300 светлосни години на третиот ден од праксата.
- Околу три дена од почетокот на мојата пракса, видов сигнал од систем наречен ТОИ 1338б. Прво помислив дека е затемнување на ѕвезда, но периодот не одговараше. Се испостави дека е планета - изјавил тој.
Новата планета кружи околу две ѕвезди, од кои едната е околу 10% поголема од нашето Сонце, додека другата е постудена и околу една третина од масата на Сонцето. Самата планета, која сега е наречена ТОИ 1388б, е 6,9 пати поголема од Земјата.
Неодамна на „Твитер“ беа објавени илустрации направени од компјутер со кои се замислува изгледот на планетата.
Автор: Лукас Гарнелис и Џулија Свидраите
Извор:
boredpanda.com
Фото:
Twitter