Прашања што треба да си ги поставите себеси, а и на вашиот лекар за да го одржите здравјето на мозокот
Ако сте доживеале таканаречени „старски моменти“, заборавање, расеаност или блокирање на мозокот, не сте сами.
Многу луѓе се грижат за нивното здравје на мозокот. Толку многу, всушност, што Американската академија за неврологија сугерира секој да земе предвид 12 фактори што влијаат врз долгорочното здравје на мозокот.
-Невролозите се експерти за здравјето на мозокот, со обука и увид потребни за да ви помогнат да го одржите вашиот мозок во врвна форма во текот на животот - вели д-р Карлејн Џексон, претседател на Американската академија за неврологија (ААН).
Во една неодамнешна статија во списанието „Неврологија“, тим предводен од д-р Линда Селва од Универзитетот во Мичиген дава 12 совети за да започнете разговори со вашиот лекар за начините на кои можете да го одржите вашиот мозок здрав.
Прашања што треба да си ги поставите и себеси и на вашиот лекар:
Спиење
Дали сте во можност да спиете доволно за да се чувствувате одморени?
-Возрасните и нивните лекари не треба ништо да земаат здраво за готово. Разговарајте за дневната поспаност, работата во смени, болката во текот на ноќта, несоницата и дневната дремка.
Расположение и ментално здравје
Дали имате грижи околу вашето расположение, анксиозност или стрес? Дали доживувате социјална изолација или осаменост?
-Додека вашиот лекар треба да ве процени за депресија и анксиозност, бидете подготвени сами да ги лоцирате проблемите.
Храна, исхрана и суплементи
Дали сте загрижени за тоа дали консумирате доволно здрава храна или имате прашања за суплементи или витамини?
Вежбање
Дали наоѓате начини да ги вклопите физичките вежби во вашиот живот?
-Покрај физичката активност, разговарајте со вашиот лекар за движење, рамнотежа и како да ја одржите вашата независност.
Поддршка на социјалните интеракции
Дали имате редовен контакт со блиските пријатели или семејството и дали имате доволно поддршка од луѓето?
Избегнување траума
Вашиот доктор треба да знае дали носите појаси и шлемови за безбедноста во возилата кои ги управувате и да ве советува за превенција од падови. Исто така, важно е да разговарате за сите професионални ризици што може да ги имате.
Крвен притисок
Дали сте имале проблеми со висок крвен притисок дома или при посети на лекар, или дали сте загрижени за третман на крвниот притисок?
-Разговарајте со вашиот лекар за секундарните причини за појава на висок крвен притисок и за односите помеѓу лековите и крвниот притисок.
Ризици, генетски и метаболички фактори
Дали имате проблем со контролирање на шеќерот или холестеролот во крвта? Дали во вашето семејство има невролошка болест?
-Размислете и препознајте ги генетските ризици: доколку е потребно, прашајте за контрола на липидите и шеќерот во крвта, ризиците за појава на дијабетес, како и одржувањето здрава тежина.
Достапност и придржување до третманите
Дали имате проблеми со цената на вашите лекови? Зборувајте за тоа.
-Вашиот лекар треба да ве праша за транзициите во возраста, кои можат да влијаат врз здравственото осигурување; не заборавајте да го известите дали вашата достапност до лекови се менува.
Инфекции
Дали сте во тек со вакцините и дали имате доволно информации за тие вакцини?
-Прашајте го вашиот лекар за распоред за имунизација специфичен за возраста. Треба да разговарате и за каква било домашна или професионална изложеност на животни и ризици од сексуално преносливи инфекции и патувања.
Негативни влијанија
Дали пушите, пиете повеќе од еден до два пијалаци дневно или користите лекови без рецепт? Дали пиете вода од проверен извор или живеете во област со познато загадување на воздухот или водата?
-Секоја посета е можност за проверка за проблемите кои произлегуваат од пушењето, алкохолот и употреба на супстанции без рецепт.
Социјални детерминанти на здравјето
Дали се грижите за домувањето, превозот, пристапот до нега и здравственото осигурување или вашата физичка или емоционална безбедност?
-Вашиот лекар може да обезбеди совети, медицинска нега и ресурси за да помогне во подобрувањето на здравјето на вашиот мозок.
Извор: medicalxpress.com
Фото: Freepik