Ривалот на „Тесла“ создаде е-автомобил што може да се наполни за исто време како бензинец

Ривалот на „Тесла“ создаде е-автомобил што може да се наполни за исто време како бензинец

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кинескиот ривал на „Тесла“ претстави нова батерија за електрично возило што може да додаде уште 400 километри опсег, за само пет минути.

Револуционерниот производ може да го реши проблемот со долгото време на полнење - главен фактор што ги одвраќа луѓето да купуваат електрични возила.

„Супер е-платформа“ располага со нови електрични автомобили и батерии што се компатибилни со технологијата од 1.000 волти, што значи дека може да се додаде по 1,5 километар опсег, на секоја секунда при полнењето.

Овие нови полначи од 1.000 киловати се четири пати помоќни од сегашните полначи на „Тесла“ од 250 киловати, кои очигледно можат да додадат опсег од околу 320 километри за 15 минути.

Сепак, производителот на автомобили во сопственост на Илон Маск планира да лансира полначи од 500 киловати оваа година.

BYD (Build your dreams) - што значи „изградете ги вашите соништа“ - има развиено и свои брзи полначи со еднонасочно ладење со течност, кои можат да се полнат со брзина до 1.360 киловати.

 - Нашата цел е да го направиме полнењето на електричните возила исто толку брзо како полнењето гориво кај автомобилите на бензин - истакна Ванг Чуанфу, претседател на Групацијата BYD.

Оттаму додаваат дека електричниот мотор ја зголемил моќноста и возилата опремени со технологијата ќе имаат максимална брзина од 186 км/ч.

Цените за новите модели најверојатно ќе почнат од 40.000 долари. Дополнително, компанијата планира да изгради 4.000 нови станици за полнење низ Кина. 

Компанијата е најголемиот производител на електрични возила во светот, земајќи му ја титулата на „Тесла“ минатата година - и покрај скромниот европски пазарен удел и без присуство во САД.

Извор: unilad.com

Фото: Freepik