Снимен документарец за случајот помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Снимен е документарен филм што ја истражува контроверзната приказна за актерите Блејк Лајвли и Џастин Балдони.
Овој 90-минутен документарец, продуциран од Ај-ти-ен, насловен „Тој рече – таа рече: Блејк Лајвли против Џастин Балдони“, ќе се фокусира на двете страни на случајот што ја потресе јавноста. Освен оваа верзија, предвидена е и пократка, 60-минутна, која на 31 март ќе биде емитувана во САД.
Продуцентите најавуваат дека документарецот детално ја прикажува холивудската драма што го шокира светот.
Случајот се однесува на конфликтот меѓу Лајвли и Балдони за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“. Лајвли го обвинува Балдони за сексуално вознемирување, додека тој ги негира сите наводи и возвраќа со тужба за клевета. Судскиот процес е закажан за мај следната година.
Извор:
Avaz.ba
Фото: Twitter/X