Програмерите симнати од тронот - веќе не се најплатени во Македонија
Подготвил:
В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk
Компјутерско програмирање веќе не е најплатена професија во Македонија, според Државниот завод за статистика, кој ги објави податоците за просечна месечна исплатена нето-плата по вработен за февруари 2020 година.
Според општите податоци, највисока плата земале вработените во категоријата останати стручни, научни и технички дејности со просечна плата од 70.869 денари, кои за околу сто евра им бегаат на вработените во категоријата компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, чија просечна плата во февруари била 64.535 денари.
Според ДЗС, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.206 денари. Зголемувањето во споредба со овој период лани се должи, пред сѐ, на зголемувањето на платите во секторите: стручни, научни и технички дејности (20,1 %), уметност, забава и рекреација (19,3 %) и преработувачка индустрија (17,7 %).
Намалување на платите во однос на претходниот месец е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (14,9 %), рударство и вадење на камен (12,8 %) и транспорт и складирање (11,0 %).
Фото: Pixabay