Се плаши да прооди и кога се довикуваат брат ѝ и сестра ѝ. Што да направам?

Се плаши да прооди и кога се довикуваат брат ѝ и сестра ѝ. Што да направам?

Јас сум мајка на 13-месечно девојче и би сакала да ве прашам за стравовите што ги има. Стравот го изразува кога ќе посегне по некоја играчка која е многу подалеку и треба да направи поголемо движење, меѓутоа, не го прави, несигурна е дека може да се помести и се враќа назад во првобитната положба. Реагира со поизразен страв и почнува да плаче кога членовите на семејството се довикуваат од една до друга соба, инаку петчлено семејство сме, има сестра и брат близнаци 12-годишни. Ѝ помагаме да вежба самостојно стоење, меѓутоа, сѐ уште со помош и поддршка и досега не сме ја пуштиле да падне да се повреди, па поради тоа да е зголемен стравот. Што да преземам да се намалат стравовите?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк