Koлку се посреќни луѓето, толку поедноставно се облекуваат
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Земјите во кои секоја втора студентка изгледа како модна икона се наоѓаат на ниско место на рејтингот на среќата.
Колку се посреќни луѓето, толку поедноставно се облекуваат. На овој неочекуван заклучок наведува годишниот извештај на ОН за нивото на среќата во светот.
Годишниот извештај за среќата почна да се спроведува од 2011 година. Научниците развија технологии со кои кај луѓето од различни земји го мерат нивото на нивната објективна благосостојба, како и нивото на субјективна оцена колку нивниот живот е добар. Потоа ги споредуваат показателите и составуваат рејтинг на земјите според нивото на среќа на нивните граѓани.
Според извештајот за среќа на ОН, десетте најсреќни земји се:
1. Финска
2. Норвешка
3. Данска
4. Исланд
5. Швајцарија
6. Холандија
7. Канада
8. Нов Зеланд
9. Шведска
10. Австралија
Овие земји постојано се наоѓаат меѓу топ-10, само што го менуваат местото.
Дали знаете што ги обединува овие земји? Покрај тоа што постои висок животен стандард, високи социјални стандарди, од модна гледна точка, сите овие земји ги обединува едноставен стил на облекување.
Земјите во кои секоја втора студентка изгледа како модна икона се наоѓаат на ниско место на рејтингот на среќата.
Франција е на 23. место, Шпанија е на 36. место, Италија на 47. место. Ова се земји каде што секое дете од раѓање знае како правилно да носи панталони.
А што е со среќните земји? Таму никој не се грижи за тоа колку милиметри треба да се свиткани панталоните според најновите прописи од магазинот „Вог“. Во овие земји се носи удобна облека и луѓето не се грижат дали е во тренд или не.
Можеби кога човек се чувствува
среќно, сигурно и спокојно, кога нема потреба секојдневно некому да му докажува нешто и со цела сила да го демонстрира својот статус - таквиот човек во фармерки и дуксер удобно ужива во животот.