Мини-серии со одлични приказни што задолжително треба да ги погледнете

Мини-серии со одлични приказни што задолжително треба да ги погледнете

Подготвил: Тамара Гроздановски

Чувството што ве тера да изгледате „само“ уште една епизода е нешто со кое се соочуваме секојдневно, посебно во овој период на пандемија кога постојано сме дома.



Но, понекогаш ова може да биде контрапродуктивно. Затоа, за да го извлечете најдоброто, мини-сериите се најдобриот компромис. Во продолжение ви ги нудиме најдобрите мини-серии во моментот кои имаат само една сезона и не повеќе од 10 епизоди.

„Неортодоксна“ (Unorthodox), 4 епизоди



Серијата е базирана е на мемоарите на Дебора Фледман и се занимава со маргинализираната еврејска група Сатмар во Њујорк. Несекојдневната приказна што ја следи Етси, која бега од екстремистичкиот верски систем, е многу повеќе од критика на малите верски заедници. Приказната е инспирирана од вистински настани.

„Баш англиски скандал“ (А Very English Scandal), 3 епизоди



Хју Грант го глуми Џереми Торп, член на британскиот парламент кој е подготвен да направи сé, дури и да стори кривично дело, за да ја скрие неговата афера со млад модел во текот на 60-тите години, кога хомосексуалноста беше силно осудена, па дури и нелегална. Мини-серијата е базирана на вистински настани и доби одлични критики од критичарите.

„Аутсајдер“ (The Outsider), 10 епизоди



Дејството на серијата го следи полицискиот детектив Ралф Андерсон, кој го истражува мистериозното убиство на 11-годишното момче Френки Питерсон. Околностите што го опкружуваат ова злосторство го поттикнуваат Ралф, кој сè уште тагува поради смртта на неговиот син, во истрагата да ја вклучи необичната приватна детективка Холи Гибни, со надеж дека нејзините натприродни способности ќе го објаснат она што не може да се објасни. Првите шест од вкупно десет епизоди одат малку побавно и се задржуваат на поголемиот дел од основата на приказната, а тонот и атмосферата се радикално различни во однос на книгата.

„Најсилниот глас“ (The Loudest Voice), 7 епизоди



Тешко ќе ви биде да го препознаете Расел Кроу кој е главниот лик во серијата и го глуми Роџер Ејлс, извршен директор задолжен за трансформирање на „Фокс Њуз“, еден од највлијателните канали за вести во САД. Околу серијата се вртеа голем број контроверзии. Таа се заснова на случајот за сексуално вознемирување од жртвите на Роџер Ејлс и неговата сопствена верзија на приказната, главно раскажана преку каналот.

„Алијас Грејс“ (Alias Grace), 6 епизоди



Писателката Маргарет Атвуд, позната по нејзиниот роман „Приказната на робинката“ е генијалниот ум зад „Алијас Грејс“, приказна што се случува во раниот 19 век. Психијатар мора да одлучи дали убиец може да избега од смртната казна затоа што има ментална состојба.

„Браќа по оружје“ (Band of Brothers), 10 епизоди



Серијата за брзо време стана модерна класика кога станува збор за мини-серии. Во копродукција на Стивен Спилберг и Том Хенкс во 2001 година, оваа приказна раскажува за живототите и опасностите на „Изи Компани“ од вооружените сили на САД и нивната мисија во Втората светска војна.

„Години и години“ (Years & Years), 6 eпизоди



Политичката состојба, недостатокот на економска стабилност и технолошки откритија откриени денес и во наредните 15 години се прикажани во одлични детали во оваа серија. Преку очите на британско семејство гледаме како животот тече и во подобро и во полошо, со одлична актерска екипа предводена од Ема Томпсон.

„Чувствувај се добро“ (Feel Good), 6 епизоди



Меј Мартин е млада комичарка со живот полн со подеми и падови. Таа мора да го носи товарот на токсичното минато како и нефункционалното семејство и мора да претрпи бура од егзистенцијални откритија што доаѓаат со почнувањето на нова романтична врска. За сите обожаватели на ситкомот „Пријатели“, Лиза Кудроу ја игра главната улога.

„Во одбрана на Џејкоб“ (Defending Jacob), 8 епизоди



Премиерата на мини-серијата беше на 24 април, а во главната улога се појавува Крис Еванс. Серијата е базирана на истоимениот роман од Вилијам Ландеј. Приказната е за брачен пар кој мора да се справи со обвинувањата дека нивниот 14-годишен син убил соученик.

„Ноќен менаџер“ (The Night Manager), 6 епизоди



Том Хидлстон, Хју Лори и Оливија Колман се причина зошто треба да ја погледнете оваа серија. Освен тоа, приказната нема да ве остави на мира: поранешен војник е регрутиран да работи како таен аген и инфилтриран во тајна организација.

„Чернобил“ (Chernobyl), 5 епизоди



Името кажува сè: оваа мини-серија ја покажува драмата што се случила во април 1986 година, кога се случила чернобилската катастрофа. Раскажана е од гледна точка на луѓето кои биле одговорни за оваа трагедија и ги комбинира приказните раскажани од луѓето во Припјат, најблиското село до фабриката.

„Кога тие ќе нè видат“ (When They See Us), 4 епизоди



„Кога тие ќе нè видат“ е приказна за пет момчиња, Афроамериканци, муслимани и Мексиканци, кои во 1989 година имале од 14 до 16 години. Млада бела жена, Триша Мејли, една кобна вечер тргнала на трчање, но била нападната, силувана и оставена да умре во Централ парк. Момчињата неправедно, без докази, со изнудено признание, биле обвинети за ова злосторство. Серијата го следи целиот процес на апсење, тортура на која биле изложени децата, судење, пресуда, затворска агонија и пресвртницата кога биле ослободени 10 години подоцна.

„Остри предмети“ (Sharp objects), 8 eпизоди



Ејми Адамс покажува маестрална глума во „Остри предмети“, мини-серија каде глуми новинарка која се враќа во родниот град за да истражува убиство. Нејзината ментална кршливост како и онаа на нејзиното семејство игра важна улога во загатката.

„Минијатуристот“ (The Miniaturist), 2 епизоди



Серијата ве носи во Амстердам во 17. век за време на таканаречената „холаднска златна доба“, кога една млада жена штотуку наполнила 18 години. Нејзиното семејство тоне во долг и сиромаштија. Таа се мажи за богат трговец и добива мистериозна куќа за кукли како подарок. Наскоро открива дека постои тајна синхронизираност помеѓу она што се случува во куќата за кукли и нејзиниот дом.

„Госпоѓа Флечер“, (Mrs.Fletcher), 7 епизоди



Оваа комедија се врти околу животот на Ева Флечер, разведена средовечна жена која почнува нова фаза во нејзиниот живот откако нејзиното дете заминува на колеџ. Сега таа е дома сама, па одлучува да експериментира со сексуалноста на начин на кој не можела додека била млада.

„Кавга“ (Feud), 8 епизоди



Бет Дејвис и Џоан Крафорд беа две популарни филмски ѕвезди во раните 60-ти. Кога продуцентите конечно успеале да ги натераат да глумат во ист филм, почна едно од најпознатите непријателства во Холивуд.

„Неверојатно“ (Unbelievable), 8 епизоди



Жена пријавува во полиција дека била силувана, но подоцна ја повлекува нејзината изјава и е обвинета за лажење. Многу години подоцна, откако се случиле серија на слични настани, 2 детективи повторно го отвораат случајот за да ја откријат вистината зад нејзината верзија на приказната. Серијата е базирана на вистински настани.

„Ангели во Америка“ (Angels in America), 6 епизоди



Ејч-би-о на крајот на 2003 година изненади со оваа голема буџетска продукција со најдобрите актери во Холивуд: Ал Пачино, Мерил Стрип, Ема Томпсон и Џефри Рајт. Сериајта се одвива во алтернативна 1985 година, кога епидемијата со СИДА меѓу ЛГБТ заедницата им погубни последици по социјалните односи.

Извор: Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube