НАСА пронајде докази за паралелен универзум каде што времето тече наназад

НАСА пронајде докази за паралелен универзум каде што времето тече наназад

Подготвил: Тамара Гроздановски

Група научници од НАСА откриле доказ за паралелен универзум - каде правилата на физиката мора да се спротивни на нашите.

Експеримент за откривање на космички зраци најде честички што би можеле да бидат од паралелен универзум, исто така роден во Биг Бенг. Експертите, во експериментот спроведен на Антарктикот, користеле голем балон за носење на антарктичката импулсивна антена на НАСА или „АНИТА“ високо над Антарктикот, каде немало радио врева за да ги попречи нејзините откритија.


Но, постојан „ветер“ со високо-енергетски честички, постојано доаѓаше на Земјата од вселената.

Високо-енергетските честички може да се откријат само како се спуштаат од вселената, но „АНИТА“ откри потешки честички, таканаречени тау неутрини кои одат „нагоре“ од Земјата.

Откритието подразбира дека овие честички всушност патуваат наназад во времето, што укажува на доказ за паралелен универзум.

универзум
Фото: Pixabay

Но, не секој ја прифати оваа хипотеза.

- Наједноставното објаснување за феноменот е дека во моментот на Биг Бенг пред 13,8 милијарди години, биле формирани два универзума - еден наш и еден чие време од наша перспектива оди наназад - вели извештајот.

А, доколку постојат жители на овој можен паралелен универзум, тие ќе сметаат дека времето на нашиот универзум е тоа што се движи наназад.

Извор: Wionews.com