Научниците успеале да снимат раѓање на ѕвезден систем

Научниците успеале да снимат раѓање на ѕвезден систем

Подготвил: Тамара Гроздановски

Астрономите постојано нè изненадуваат со неверојатни снимки од вселенските пространства. Денешната генерација на астрономи имаат можност први да ги видат сликите од црните дупки, далечните галаксии и слично.

Сега експертите успеале да снимат уште една неверојатна фотографија - почетокот на раѓањето на еден ѕвезден систем. Со помош на телескопот што се наоѓа на Европската јужна опсерваторија, наречен „Многу голем телескоп“ (VLT), научниците успеале да ги фатат индикациите за создавање на системот на една млада ѕвезда.

Околу ѕвездата наречена „Аб Ауригае“ се наоѓа густ диск прашина и гас во кој астрономите воочиле исакната спирална структура со подрачје на кое веројатно настанува планета. Оваа снимка би можела да биде првиот доказ за создавање на младата планета - пишуваат научниците од Европската јужна опсерваторија.

- Досега беа идентификувани илјадници егзопланети, но малку се знае за тоа како тие се формираат - вели водечкиот истражувач, астрономот Ентони Бокалети од Универзитетот ПСЛ во Франција.

Експертите веќе знаат дека планетите се раѓаат во дискови со прашина што ги опкружуваат младите ѕвезди, но ова ново набљудување ќе им обезбеди клучни информации за самиот процес на создавање на планетите. 
- Ако сакаме да го снимиме точниот момент на формирање на планетата, треба да набљудуваме многу млади системи - вели Бокалети.

ѕвезда
Фото: Screenshot/YouTube

Досега астрономите не биле во можност да снимат доволно остри слики од такви дискови за во нив да забележат „задабелување“ што би можело да укаже на раѓање на планети.

На најновите снимки може да се види јасен спирален диск прашина околу ѕвездата „АБ Ауригае“ која е оддалечена од нас 520 светлосни години. Спиралното формирање од овој вид укажува на присуство на планета во создавање што создава нарушување во дискот во форма на бранови. Како што планетата се врти околу матичната ѕвезда, овој бран се претвора во спирален крак.

Светлата област што се наоѓа во близина на центарот на „Ауригае“ е едно од таквите места на кои веројатно настанува планетата. Се наоѓа на слична оддалеченост од матичните ѕвезди како што Нептун е оддалечен од Сонцето.

Истражувањето наречено „Можен доказ за тековно формирање на планета во АБ Ауригае“ е објавено во научното списание „Астрономи & Астрофизикс“.


Извор: Еso.org | Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube