Како Холандија го решила проблемот со кучињата скитници?
Подготвил:
Билјана Арсовска
Отфрлените кучиња кои гладни, а често и болни шетаат низ улиците се вообичаена глетка во нашата земја. Но, во Холандија, на пример, нема да можете да ги сретнете. Значи, решение има, а начинот на кој Холанѓаните се справиле со проблемот е пример кој може да биде и лекција.
Методот кој го примениле е „фати-стерилизирај-вакцинирај-чипувај-врати“.
Сепак, не отсекогаш било така. Во 19 век тие имале многу голем број на кучиња скитници. Речиси секоја фамилија имала по едно куче бидејќи биле статусен симбол. Многумина од нив почнале да добиваат беснило, па сопствениците почнале масовно да ги напуштаат.
Во тоа време решение претставувала стерилизацијата, која финансиски била покриена од страна на државата. Покрај тоа, биле обезбедени и прегледи и лечења од страна на ветеринар за сите кучиња за кои било потребно. Уште една рестриктивна мерка било и зголемувањето на данокот за оние кои чуваат кучиња. Законите биле заострени така што секој кој занемарувал и злоставувал куче можел да заврши зад решетки и до три години и да плати казна од 16.000 долари.
Дел од решението за проблемот била и кампањата во која луѓето можеле на неколку дена да се грижат за кученца скитници. До крајот на кампањата 90 отсто од кучињата засекогаш биле вдомни. Потоа и многу продавници, ресторани и кафулиња ги отвориле вратите за милениците.
Значи, решение постои, само се потребни волја и одлучност, како кај државните органи, така и кај
граѓаните.