И Петар Атанасов е кандидат за ректор, Комисијата го усвои неговиот приговор
Универзитетската изборна комисија на УКИМ го усвои приговорот на проф. д-р Петар Атанасов во врска со јавниот оглас за ректор. Со Атанасов,
седуммина кандидати се избрани во трката за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Атанасов беше одбиен со одлуката на 16 јуни зашто неговата програма, која била испратена електронски, била заклучена и Комисијата немала можност да ја провери веродостојноста на електронската со програмата испратена на хартија. Петар Атанасов е професор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Според Роковникот, според кој се води Универзитетската изборна комисија, професорите треба да гласаат на 26 јуни.