Технолошкиот гигант „Тенсент“ ќе го гради „градот на иднината“ во Кина

Технолошкиот гигант „Тенсент“ ќе го гради „градот на иднината“ во Кина

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Технолошкиот гигант „Тенсент“ претстави план за „градот на иднината“, кој ќе биде голем приближно колку целата држава Монако, а ќе биде изграден во кинескиот град Шенжен.


Градот ќе покрива површина од 2 милиона квадратни метри и во него приоритет ќе имаат пешаците, зелените површини и автономните возила. Во амбициозниот град ќе може да живеат околу 80.000 луѓе.

Компанијата што стои зад планот ќе има канцеларии, но и продавници, училишта сали и паркови кои ќе бидат поврзани со Шенжен преку мостови, траект и метро. Американската фирма НББЏ стои за планот.


Фото: NBBJ

Планот се разликува од затворените кампуси што ги градеа големите технолошки компании во последните години. Просторот на „Тенсент“ не треба да биде изолиран, туку динамичен центар низ кој ќе поминуваат луѓето.

Во градот ќе биде намален и автомобилскиот сообраќај, односно ќе има автомобили само онаму каде што тоа е неопходно. Во центарот ќе може да се влезе само со автобус, велосипед или автономно возило. Планот вклучува и инсталирање на сончеви панели на покривите и системи за рециклирање на водата.

Градот на „Тенсент“ треба да биде готов за околу седум години, а изградбата треба да почне годинава.

Автор: Оскар Холанд
Извор: Си-ен-ен