Интересни факти за Финска, земјата со над 187.000 езера

Интересни факти за Финска, земјата со над 187.000 езера

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Финска е прекрасна земја за посета. Без разлика дали ќе одлучите да ја посетите поради работа или задоволство, постојат толку многу потценети работи што треба да ги знаете за овој регион.

Прво, најдобро време за посета на Финска е летото, кога можете да уживате на отворено и покрај езера, или зимата, кога има многу снег, барем на север. Но, можете да дојдете кога сакате; на крајот на краиштата, патувањето се однесува на нештата од кои можете да научите. Затоа, еве неколку корисни совети и интересни работи за сите патници.

Страсни натпреварувачи


Познато е дека Финците го сакаат спортот. Во минатото, зимските спортови, како скијањето и хокејот на мраз, создадоа фински икони. Исто така, постои богата традиција на мотоспорт во земјата. Она што можеби не е толку добро документирано е наклонетоста на нацијата кон покерот.

Финска по грешка изградила светилник во Шведска

По должината на границата помеѓу Шведска и Финска се наоѓа остров во рамките на Ботнискиoт Залив и ја претставува најзападната точка на финското копно. Во текот на 1885 година Финска била дел од Русија, и случајно го изградила светилникот на шведска територија. Поради тоа што островот бил изолиран и без жители, оваа грешка не предизвикала загриженост повеќе од 100 години. Дури во 1985 година границата каде што всушност бил поставен светилникот била призната како финска територија.

finska
Фото: Instagram

Финска е земја што сѐ уште расте

Финска е регион што расте по 7 километри секоја година. Ова се должи на глечерите што растат поради тежината на мразот со текот на годините. Со оглед на тоа што станува збор за постепен процес, ако ги погледнете фотографиите од пред неколку децении досега, ќе ги видите геолошките физички промени.

Имала кралство само два месеца

По владеењето на Шведска и Русија, Финска имала кралство само два месеца. Владеењето било кратко и било нарушено од граѓанската војна во регионот. Монархијата не била прифатена, а потоа дошла и Првата светска војна, па идејата за кралство била отфрлена. Принцот Фредерик Чарлс бил првиот и последен владетел на Финска. Оттогаш постои уставна демократија во регионот.

Олимписки шампиони

Финска води по бројот на летни олимписки медали што ги освоила една нација. Има вкупно 302 медали. Освен тоа, се наоѓа на второто место во рангирањето според освоени медали за Зимските олимписки игри. Нивните соседи, Норвежаните, успеаја да го преземат водството, но сепак Финска успеа да освои медали за секој натпревар, уште од почетокот во 1908 година.

Традициите на дипломираните студенти

Матурантите во Финска добиваат капа и морнарска униформа по нивното матурирање, поради традициите што датираат од 1870 година. Оваа традиција е присутна и денес. Ако случајно станете доктор на науки, тогаш добивате морнарска капа, униформа и меч.

2
Фото: Wikipedia

Ден само за спиење


Во Финска постои ден кога се слави спиењето. Ова не значи дека Финците добиваат слободен ден, туку станува збор за ден што се слави на 27 јуни кога се одржуваат игри. Оној што последен ќе стане од креветот, заедно со креветот се фрла во морето. Традиционално, денот почнал да се слави во градот Наантали, но денес сите градови го слават на годишно ниво. Градот секоја година избира финска славна личност која треба да биде фрлена во морето од градското пристаниште, во 7 часот наутро. Идентитетот на финската славна личност се чува во тајност до почетокот на самиот настан. Луѓето што се избрани обично направиле нешто корисно за градот. Досега биле фрлени во вода сите градоначалници на Наантали барем еднаш, а биле фрлени и сопругот на претседателката Тарја Халонен, д-р Пенти Араџерви, извршниот директор на „Несте Оил“, Ристо Рине, како и многу писатели, уметници и политичари. Прославите продолжуваат до вечерта и има активности за луѓето од секоја возраст.


finska
Фото: Instagram

Најмногу езера во светот


Финска има вкупно 187.888 езера и над 179.584 острови, и тоа ја прави совршено место за изнајмување приватна викендица и уживање во дивата природа.

Извор: Helsinkitimes.fi
Фото: Wikipedia