Проф. Арафат Шабани кандидат за заменик министер за образование и наука
Арафат Шабани од Беса е кандидатот за нов заменик-министер за образование и наука, кој заедно со уште 15 кандидати за заменичките позиции во Владата, денеска беа претставени пред пратениците кои треба да го одобрат нивниот избор. Кандидатите за заменици-министри ги претстави премиерот Зоран Заев, кој рече дека од нив очекува максимално учество во работата на извршната власт.
Професорот Шабани e од Гостивар и е редовен професор на Факултетот за јазици, култури и комуникација при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
На обраќањето пред пратениците Заев рече дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски во согласност законот и определбите на Владата.
- Од замениците-министри очекувам и активно учество во сите наши идни активности како членка на НАТО, и максимално вклучување во процесите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската Унија, како и во политиките за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи – рече Заев.
Извор: Youtube, МРТ2