Со помош на вреќичка чај астронаутите пронајдоа дупка во вселенската станица

Со помош на вреќичка чај астронаутите пронајдоа дупка во вселенската станица

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Звучи неверојатно, но екипажот на Меѓународната вселенска станица употребил вреќичка чај за да најде дупка од која излегувал воздух од станицата.

Во август американската вселенска агенција НАСА изјави дека се бара мал отвор од кој излегувал воздух од станицата. Состојбата не била опасна за астронаутите во станицата.

Во септември астронаутите со помош на разни инструменти откриле дека отворот се наоѓа во рускиот модул.

Минатата недела руските власти изјавиле дека отворот бил пронајден со вреќичка чај. Астронаутите пуштиле вреќичка чај во станицата во која нема гравитација и потоа го следеле нејзиното движење со камера.

Космонаутот Анатоли Иванишин изјавил дека летањето на лесната вреќичка чај ја покажало насоката во која струел воздухот.



Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay