Вечера на панорамско тркало со поглед на Будимпешта
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Поради пандемијата, рестораните се принудени да го менуваат начинот на работа. Еден ресторан во Будимпешта на 17 октомври нудел услуги на познатото панорамско тркало „Око“.
Ресторанот „Костес“ го организирал настанот за да им покаже на гостите дека рестораните постојано бараат начини како да станат побезбедни.
Сопственикот на ресторанот, Кароли Герендај, открил дека за време на
пандемијата ресторанот го посетуваат една десетина од бројот на посетители пред пандемијата.
- Сега кога нема многу луѓе на тркалото или во ресторанот бидејќи нема туристи, се појави можност да го направиме ова - изјавил тој.
Како што вели, тркалото е идеално бидејќи има посебни кабини. Цената за јадење на тркалото изнесувала 155 долари, а искуството траело три часа. Герендај планира повторно да организира ваков настан следната година.
Автор: Мелчи Анјинса-Бондзи
Извор:
insider.com