Прекрасниот грчки остров каде што живеат малку луѓе, што воопшто не е добро

Прекрасниот грчки остров каде што живеат малку луѓе, што воопшто не е добро

Подготвил: Тамара Гроздановски

На овој прекрасен грчки остров речиси и да нема луѓе во одредено време од годината - но тоа не е нужно добро и покрај тековните расправии околу масовниот туризам во земјата.

Во текот на зимските месеци и онака малата популација на островот Антикитера се соочува со уште поголемо намалување.

- На истровот има 20 до 25 луѓе, нема деца и нема пекарница - вели локалниот лидер Јоргос Хархалакис кој сака да ја промени судибната на островот и вели дека нема откажување од тоа.

Сместен во близина на Крит, островот Антикитера имал само 39 постојани жители во 2021 година. Островот имал 120 жители во 2011 година, но и тој, како и многу рурални области во Грција, трпи бавна депопулација.

37-годишниот Хархалакис вели дека имал убаво детство во 90-тите, но тогаш многу жители биле принудени да се преселат на копно поради финансиски проблеми. Во периодот додека бил дете, на малиот остров имало околу 15 заедници со земјоделци, рибари и сточари.

Сега населено е само едно пристаниште, а ридовите и полињата на островот се преполни со напуштени и срушени куќи.

Основното училиште морало да биде затворено цели две децении, пред во 2018 година повторно да се отвори само за тројца ученици, но повторно се затворило затоа што семејството со трите деца морало да се пресели во Китера, каде што децата го продолжиле нивното средно образование.

Неодамнешно истражување од Грчкиот институт за демографски истражувања покажува дека една од три општини во земјата има помалку од 10 раѓања годишно.

Во 2021 година, жените во Грција имале 1,43 деца, што е под просекот на ЕУ од 1,53, според агенцијата за податоци „Евростат“.

Атина е дом на над една третина од населението, а над една петтина од луѓето се на возраст од повеќе од 65 години. Покрај тоа, над половина милион млади луѓе ја напуштија Грција за време на финансиската криза.

Островот покрена иницијатива пред три години да ги покани семејствата повторно да го населат островот, но иницијативата не вроди плод.

Хархалакис рече дека главниот проблем е недостигот на инфраструктура, повикувајќи ја државата да понуди стимулации за изградба на куќи и продавници.

Извор: Express.co.uk
Фото: Wikipedia