Ова се најпопуларните градови за прославување на Божиќ според податоците од интернет
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Cloudvards.net“, со помош на податоци собрани преку социјалните мрежи и резултатите од пребарувањето на „Гугл“, направи листа со најпосакуваните дестинации за божиќните празници.
Пребарувањето на оваа веб-страница покажа дека повеќето луѓе од целиот свет сонуваат и планираат да го посетат Лондон за новогодишните и божиќните празници. Главниот град на Велика Британија се наоѓа на врвот на листата со желби во дваесетина земји, меѓу кои Шпанија, Холандија, Канада и Австралија.
Најчесто користените клучни зборови за пребарување на интернет се „Божиќ во Лондон“ и „Работи што треба да се направат во Лондон за Божиќ“.
Виена е вториот најпопуларен град за Божиќ, особено во Италија, Германија и САД.
Анализата на Cloudvards.net покажа дека Европејците главно остануваат на својот континент за време на Божиќ. Ако патуваат, одат во соседните земји, главно во Виена и Будимпешта. За Британците, Прага е совршено место за божиќен одмор, а за Французите тоа е Брисел. Португалците го сакаат Париз, а Австријците Нирнберг.
Спротивно на тоа, многу канадски, американски и австралиски патници се среќни што патуваат далеку од домот за идеалниот божиќен одмор.
Ова се најпопуларните градови за славење Божиќ според Cloudvards.net:
1. Лондон, Обединетото Кралство
2. Виена, Австрија
3. Њујорк, САД
3. Париз, Франција
4. Будимпешта, Унгарија
5. Мадрид, Шпанија
5. Прага, Чешка
6. Брисел, Белгија
7. Токио, Јапонија
7. Берлин, Германија
7. Минхен, Германија
7. Нирнберг, Германија
7. Амстердам, Холандија
7. Копенхаген, Данска
7. Стразбур, Франција
Извор:
National Geographic
Фото: Freepik