До 2100 година светот ќе остане без коралните гребени

До 2100 година светот ќе остане без коралните гребени

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Според ново истражување од Универзитетот во Маноа, Хаваи, сите корални гребени на планетата веројатно ќе бидат мртви за 80 години - убиени од комбинација на сѐ потопли води и скиселување на океаните.

Во истражувањето биогеографот Рене Сетер ги испитувалa светските локации каде што коралите може да се способни да го преживеат менувањето на океанот. Таа утврдила дека до 2100 година речиси и ќе нема места погодни за живот за нив. Всушност, според неа, до 90 отсто од коралните гребени веројатно ќе бидат мртви за само 20 години.

- Обидите за чистење на плажите се одлични и обидите за борба против загадувањето се фантастични. Треба да продолжиме со тие напори. Но, на крајот од денот, борбата против климатските промени е она за што треба да се залагаме за да ги заштитиме коралите - истакна Сетер.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Wikipedia