Супермаркет во Данска смисли одлична идеја за да го запре прекумерното купување средства за дезинфекција

Супермаркет во Данска смисли одлична идеја за да го запре прекумерното купување средства за дезинфекција

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Додека интернет-корисниците се забавуваат и создаваат мемиња за тоа како луѓето купуваат тоалетна хартија во супермаркетите низ целиот свет, постојат некои работи што е навистина тешко да се купат овие денови.

Маските и ракавиците за еднократна употреба се меѓу нив, но да не заборавиме и на средствата за дезинфекција на рацете.

Додека луѓето купуваат средства за дезинфекција на големо, овој супермаркет во Данска доби одлична идеја како да ѝ стави крај на оваа практика, смислувајќи брилијантен трик.

Супермаркетот „Ротунден“ во Данска се смета за еден од најдобрите супермаркети, опишувајќи се како ексклузивна шопинг-околина со голема почит кон секојдневниот живот на луѓето. Очигледно вредностите на одговорните во супермаркетот се и хумани затоа што не се грижат само за продавање, туку и за достапноста на производот за што е моќно повеќе луѓе.

Имено, продавницата сега продава едно шише средство за дезинфекција за 5,36 евра, додека две шишиња средство за дезинфекција изнесуваат 133 евра.

2
Фото: Twitter

Исто како и многу супермаркети деновиве, и овој се соочил со многу луѓе што се обиделе да купат многу производи, така што одговорните сметале дека мора нешто да направат. Затоа дошле до неконвенционалната идеја за цените на средството за дезинфекција што го продаваат.

Самиот супермаркет на „Фејсбук“ се обиде да го објасни мотивот за цените:

Почитувани клиенти,

Имаме голема одговорност да го одржуваме функционирањето на бизнисот, а тоа можеме да го направиме само со ваша помош и ваше разбирање. Можете да помогнете на следниот начин:

- Ги молиме сите наши клиенти да го почитуваат растојанието едни од други и од нашите соработници;

- Користете средство за дезинфекција на влезот и користете ракавици;

- Ако сте семејство, ве молиме само една личност да купува, доколку е можно.

Може да има период кога ќе ограничуваме колку клиенти смеат да влезат во продавницата истовремено. Ќе ве информираме за  какви било промени на нашата фејсбук-страница. Чувајте се и ви благодариме за разбирањето.

Извор: Bored Panda
Фото: Twitter