Како Фројд ги препознавал глупавите луѓе?
Сигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, ни остави генијална мудрост и изрека за сите времиња. Меѓу другото, тука е и лекцијата што секој треба да ја запамети – како да се препознаат
глупавите луѓе. Легендарниот психијатар многу брзо ја откривал човековата глупавост, а нам ни остави еден совет срочен во единствена реченица:
„Првиот знак за човековата глупавост е целосното отсуство на срам“, рекол Фројд.
Значи, кога ќе се најдете во ситуација да се срамите поради туѓото однесување или туѓите изјави, или ако се чудите на нечии налудничави постапки – веднаш ќе знаете со кого си имате работа.
Ако не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете тоа што сте! Проблемот не е во вас, во нив е. Немојте поради тоа да ги спуштате своите критериуми и да правите сè што ќе посакаат тие, изигрувајќи нивни кловнови. Бидете сигурни дека во даден момент ќе ве искористат. Кога ќе им дадете еден прст – тие ќе посегнат во целата рака.
Ако не ви веруваат – немојте да им докажувате и да се правдате за тоа што го правите, како го правите, зошто го правите. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Доволно е наспроти сè да останете верни на себе и ќе видите како по извесно време нештата сами ќе се менуваат. Но, не очекувајте промена преку ноќ.
Вистинските луѓе, порано или подоцна, ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе пронајдете такви луѓе, чувајте ги како капка на дланка, а другите занемарете ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но кога еднаш ќе ги препознаете – не дозволувајте ништо да ве оддалечи од нив. Кога самите ќе станете најдобра верзија на себеси, тогаш ќе се појават луѓе чија присутност ќе стане вистинска авантура на заедничкото живеење.