Нов хемиски процес може да претвори четвртина од пластичниот отпад во чисто гориво

Нов хемиски процес може да претвори четвртина од пластичниот отпад во чисто гориво

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кесите за производи и другото ѓубре можат да се стопат за да се добијат корисни производи како нафта и гас.

Светските депонии и океани се преплавени со пластика. Само 9 отсто од 8,3 милијарди тони пластика произведени во текот на последните 65 години се рециклирани, според Обединетите нации. Има повеќе од 8 милиони тони пластичен отпад во нашите океани на годишно ниво, а тоа му штети на дивиот свет.

Новата технологија работи на полиолефин отпад, вид пластика што се користи за кеси за намирници, играчки и кеси за вакуумирање. Овој вид пластика опфаќа околу 23 отсто од пластичниот отпад, според истражувачите кои го опишуваат процесот во еден труд објавен во списанието „Одржлива хемија и инженерство“. Новата техника користи процес наречен хидротермално топење, при што на многу високи температури се топат пелети од полиолефин и потоа се раствораат во вода. Производите што произлегуваат од овој процес се нафта, гас или растворувачи.

Пренамената на постојната пластика во корисни производи навистина може да помогне. Истражувачите велат дека нивниот процес на конверзија може да се користи на околу 90 отсто од светскиот полипропиленски отпад.