Како учтиво да прекинете видеоразговор?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Сега кога сите користиме „Зум“, „Гугл хенгаутс“ и други алатки за за видеоповици, се соочуваме со незгодниот момент кога треба да го завршиме разговорот, а другата личност не ги сфаќа знаците. И бидејќи повеќето од нас се физички дистанцирани, не можеме да кажеме: „Морам да одам“.
Или можеме?
Иако некои едноставно го исклучуваат уредот и го обвинуваат интернетот дека го прекинал разговорот, тоа може да го направиме еднаш. Еве кои фрази можете да ги користите и кои се особено успешни за прекинување
видеоразговори:
„Имам друга задача што треба да ја завршам“
Иако никој нема посебни планови деновиве, вистината е дека повеќето од нас имаат одредени задачи што треба да ги завршат во текот на денот. Ова вклучува фрази како: „Треба да почнам со ручекот“ или „Морам да почнам да работам“.
Повеќето од нас сè уште работат, сè уште готват, сè уште се грижат за домот, им помагаат на децата со домашните итн.
Фото: Pixabay
„Би сакала да излезам надвор додека сè уште има сонце“
Единствената работа што повеќето од нас смеат да ја прават е да излезат надвор и да прошетаат додека сè уште е ден. Затоа, кажете чао, обујте ги чевлите и излезете на воздух - или кажете чао, погледнете ги вашите чевли и стуткајте се на каучот и гледајте „Нетфликс“.
„Имам друг видеоповик на распоредот“
За повеќето ова е вистина - многумина од нас имаат повеќе видеоповици секој ден. Следниот повик може да биде закажан за два часа, но вие треба да направите пауза.
„Супер што се слушнавме“
Доколку горенаведените фрази не функционираат за вас и ви звучат како лага, тогаш можете да ја искористите фразата: „Супер што се слушнавме. Треба да го повториме повикот. Што велиш за петок?“