Туристичките места во Турција ќе добиваат сертификати за „исчистени“ од коронавирусот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Турција се подготвува да претстави меѓународен систем за сертифицирање на туристички региони и локации со цел да ја обнови индустријата во време на пандемијата. Сертификатите би покажувале дека одредена туристичка локација е „исчистена“ од коронавирус.
Земјата планира да го врати туризмот во нормала до крајот на мај, според министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Ресорното министерство работи со претставници на владата на одредување на правилата за системот за сертифицирање.
Фото: Истанбул/Pixabay
Сертификатите би им се давале на бизнисите што зависат од туризмот, а за кои нема податоци за заразени лица и се потврдени неопходните мерки за безбедност и хигиена. Сертифицирањето би им помогнало на хотелите и другите бизниси да им понудат гаранција на туристите за нивните хигиенски стандарди, што ќе биде важен фактор во туризмот по
пандемијата.
Турција очекува домашниот туризам да „оживее“ кон крајот на мај, а подоцна и повторно да почне да привлекува странски туристи.
Извор:
dailysabah.com