„Вибер“ воведува нова функција - пораки што исчезнуваат
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кога станува збор за апликации за пораки, приватноста е нешто за кое многумина од нас се загрижени, особено во ерата на „Зум“.
Поради тоа, „Вибер“ наскоро ќе им овозможи на своите 1 милијарда корисници да ги контролираат нивните податоци во форма на пораки што исчезнуваат од редовните четови.
Претходно достапна само во тајните четови, функцијата ќе им овозможи на корисниците да постават тајмер за испраќање текст, фотографија, видео или друг тип фајлови на одредено време - секунди, минути, часови или денови, пред пораката да исчезне.
Одбројувањето почнува автоматски откако примателот ќе ја види пораката што сте ја испратиле.
За да создадете порака што исчезнува, треба:
- Да ја допрете иконата со часовник на дното на разговорот и да го изберете периодот на исчезнување на пораката.
- Да напишете и да испратите порака до примателот.
- Горди сме на објавувањето на пораките што исчезнуваат во сите разговори. Воведени на „
Вибер“ во 2017 година како дел од „тајните“ разговори, со текот на времето се уверивме дека слична мерка за обезбедување доверливост, вклучувајќи и испраќање известување кога примателот ќе направи скриншот од пораката што исчезнува, требаше да биде додадена и во редовните разговори. Ова означува уште еден чекор до нашата цел да бидеме најбезбедна платформа за пораки во светот - изјави Офир Ејал од „Вибер“.
Функцијата „исчезнувачки пораки“ ќе се појави низ целиот свет на почетокот од мај.