Вистинската приказна за фразата „Хјустон, имаме проблем“

Вистинската приказна за фразата „Хјустон, имаме проблем“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите сме ја слушнале фразата „Хјустон, имаме проблем“, која е превод од англиската „Houston, we have a problem“, и знаеме дека потекнува од мисијата „Аполо 13“. Но, малкумина знаат дека оригиналната реченица што била кажана за време на мисијата е поинаква од оваа што ја користиме.


Фото: Wikipedia

Фразата станала популарна откако Кевин Бејкон ја кажа во филмот направен за мисијата. Но, вистината е дека Џон Свајгерт, астронаутот кој во филмот бил игран од Бејкон, не го кажал токму тоа. Свајгерт рекол: „Добро, Хјустон. Мислам дека имавме проблем“, односно на англиски: „Okay, Houston. I believe we've had a problem here". По него, астронаутот Џим Ловел повторил: „Имавме проблем“.


Фото: Pixabay

Филмското сценарио не било многу поразлично од она што астронаутите навистина го кажале. Сепак, никој денес не ја користи фразата на Свајгерт, туку онаа кажана од Бејкон во филмот.

Според НАСА, сценаристите ја смениле оригиналната фраза во филмот за да добијат драматичен ефект.


Автор: Марко Маргаритоф
Извор: allthatisinteresting.com