ДЗС: Просечната нето-плата за февруари изнесува 43.053 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2025 година изнесува 43.053 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Оттаму додаваат дека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 64.634 денари.
Според ДЗС, во февруари 2025 година, во споредба со февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 %.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности во врска со недвижен имот за 16,6 %, преработувачка индустрија за 11,5 % и за образование 11,4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации за 4 %, дејности во врска со недвижен имот за 3,9 % и преработувачка индустрија за 2,5 % - стои во соопштението.
Фото: Freepik