„Правилото од 5 секунди“ ставено на тест - експеримент покажува дали храната е контаминирана откако ќе падне на подот

„Правилото од 5 секунди“ ставено на тест - експеримент покажува дали храната е контаминирана откако ќе падне на подот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Микробиолог од Чикаго одлучи научно да го стави на тест познатото „правило од пет секунди“, според кое храната што паднала на под е безбедна за јадење доколку се подигне веднаш. Резултатите од неговиот експеримент го демантираа ова долгогодишно верување.

Научникот Николас Ајчер поставил плочи за култивирање бактерии на подот и ги оставал таму различен временски период, од нула секунди до цела минута. Потоа ги инкубирал примероците за да ги следи бактериолошките промени.

Она што го открил било изненадувачко: во сите примероци, дури и во оној што бил во контакт со подот само една секунда, имало забележлив раст на бактерии. Тоа значи дека храната не е безбедна ни ако веднаш ја подигнете.

- Се чини дека дури и нула секунди е предолго - вели Ајчер додека ја покажува плочката покриена со бели бактериски дамки.

Интересно е што примерокот оставен пет секунди имал речиси иста количина на бактерии како оној оставен цела минута. Примероците што биле на подот 10, 20 и 30 секунди покажале постепено зголемување на растот на микроби.

И покрај тоа што условите не биле лабораториски стерилни, експериментот јасно покажал: храната што ќе падне на под, без разлика колку брзо ќе се подигне, сепак е контаминирана.

Заклучокот е едноставен, „правилото од пет секунди“ е само мит.

Извор: Nypost.com
Фото: Screenshot/Tik-tok