Ресторан во Њујорк има мени инспирирано од новата сезона на серијата „Белиот лотос“

Ресторан во Њујорк има мени инспирирано од новата сезона на серијата „Белиот лотос“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако сте меѓу милионите обожаватели на популарната серија „Белиот лотос“, тогаш ќе бидете воодушевени кога ќе чуете дека магијата на третата сезона, која нè носи во егзотичниот Тајланд, сега може да се доживее и надвор од екранот, на највкусниот можен начин. Имено, њујоршкиот ресторан „Таи дајнер“ ги здружи силите со луксузниот бренд за ентериер ЦБ2 за да создаде уникатно гастрономско и визуелно искуство инспирирано од серијата.

Ова ексклузивно мени е дизајнирано да ги долови духот и атмосферата на третата сезона и комбинира автентични тајландски вкусови. Резултатот е искуство кое ги воодушевува сите сетила. Идеално е за сите љубители на патувања, добра храна и телевизиски драми! Подолу е сè што треба да знаете за ова уникатно искуство, кое ќе биде достапно само ограничено време. Значи, ако сте во Њујорк или планирате да го посетите наскоро, дефинитивно ќе сакате да го ставите овој ресторан на вашиот распоред.

Мени „Белиот лотос“


Тематското мени што го нуди „Таи дајнер“ е внимателно дизајнирано за да го одрази духот на серијата „Белиот лотос“ и богатите кулинарски традиции на Тајланд. За цена од 32 долари, гостите можат да уживаат во однапред дефинирано мени од четири јадења кое ги балансира автентичните вкусови и софистицираната презентација.


Главната ѕвезда на менито е „тајландското“ пилешко во кокосов сос, раскошно јадење кое ја комбинира кремастата арома на кокосовото млеко со длабоки, ароматични зачини. Конечно, се служи салатата „као јум“, јадење кое е вистинско визуелно и вкусно изненадување, богато со бои и текстури, со нежни ароми на лимонова трева, препечен кокос и свежи билки.


Извор: journal.hr

Фото: Instagram