Силен земјотрес ја погоди Турција, епицентарот во близина на Истанбул
Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер денеска го погоди Истанбул, објави турската агенција за вонредни ситуации АФАД. Засега нема извештаи за размерите на штетата, но граѓаните на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.
Епицентарот на земјотресот што се случи во 12:49 по локално време е во подрачјето Силиврија, округ сместен на околу 80 километри западно од Истанбул. Епицентарот бил на длабочина од 6,92 километри.
По првиот, Турција беше погодена од серија помали, но сепак силни потреси со јачина од 5, 2,6, 4,3, 4,5 и 5 степени.
Турските медиуми пренесуваат дека е повредено едно лице, кое за време на земјотресот скокнало од балкон.
АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.
Извор:
index.hr
Насловна фотогрфија: EMSC