УКЛО со Отворен ден: „Корени и крилја“ за иднината на високото образование
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го прославува 25 Април – Денот на основањето со организирање Отворен ден, годинава под инспиративното мото „Корени и крилја“.
Настанот има цел да ги доближи студиските програми и можностите што ги нуди УКЛО до матурантите, при што посебен акцент се става на партнерството со КОЛОРС Алијансата, паневропска мрежа на универзитети која нуди нови перспективи за студирање и меѓународна соработка.
Оваа година УКЛО ќе ги угости и новата претседателка на КОЛОРС, проф. д-р Хаике Траутман од Универзитетот во Падерборн, и директорката на Алијансата, д-р Анете Клинкерт, што претставува значаен чекор во меѓународната афирмација на Универзитетот.
УКЛО објави и Агенда со
сите настани и ги повика сите заинтересирани да бидат дел од настанот кога се слави минатото со поглед свртен кон иднината која УКЛО ја гради заедно со уште осум европски универзитети од Алијансата КОЛОРС.
(Комерцијална објава)