Само едно средно училиште во Македонија има просек над 4

Само едно средно училиште во Македонија има просек над 4

Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева / milena.atanasoska@fakulteti.mk

Лектор: Ивана Кузманоска

Списокот со средните оценки на средните училишта на ниво на Македонија на крајот од ланската учебна година покажува дека на средношколците не им се учи, за разлика од основците

Потешко се доаѓа до петка во средните училишта отколку во основните. Ова може да се заклучи ако се погледне списокот со просечните оценки на сите средни училишта во Македонија. Само едно училиште има просек со средна оценка над 4, а многу имаат едвај тројка.
Од стотина средни училишта со просек помал од три се околу 40 школи. За разлика од средношколците, списокот со основните училишта на Град Скопје покажува дека просеците на училиштата се повисоки.

Најдобри оценки на ниво на Македонија имаат учениците од скопската гимназија „Орце Николов“. Лани, на крајот од учебната година, средната оценка била 4,18. Учениците од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ лани постигнале средна оценка 3,98, а потоа следуваат битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“ со 39,4, па охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ со 3,92 и кумановската гимназија „Гоце Делчев“ со 3,90.



На учениците од тетовското средно училиште „Ѓоце Стојчески“ очигледно не им се фаќа книга бидејќи тоа е најслабото училиште во Македонија со просек од само 2,09. На ниво на општини каде што има повеќе од пет средни училишта најдобар просек имаат училиштата од Битола со 3,36, па потоа следуваат Скопје со 3,23, Куманово со 3,19, па Прилеп со 3,07. Општина Тетово има најслаби резултати, таму средната оценка на ниво на општина е 2,66. Од седум школи во Тетово пет се со средна оценка 2, а најдобри резултати има музичкото „Тодор Скаловски-Тетоец“ со 3,66, па потоа гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ со 3,28. Во Град Скопје, од вкупно 24 училишта, дури 13 имаат средна оценка под тројка.

Во продолжение се средните оценки на сите средни училишта во Македонија на крајот од ланската учебна година: