На кои универзитети студирале кинеските милијардери?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Брзата трансформација на Кина од држава во транзиција кон растечка пазарна економија помогна да се зголеми бројот на богати граѓани. Сега Кина произведува милијардери побрзо од која било земја во светот. Многу родители се потпираат на годишното „Рангирање на милијардери“, составено од асоцијацијата на алумни на Универзитетот во Кина, каде што гледаат каде дипломирале најбогатите луѓе во Кина.
Џек Ма
Име добро познато низ целиот свет - Ма е коосновач на „Алибаба“, еден од најголемите бизниси на електронска трговија во светот. Ма студирал на Колеџот за наставници при Универзитетот во Хангжу и дипломирал во 1988 година. Во интервју од 2015 година Ма откри дека 10 пати аплицирал на Бизнис-школата при „Харвард“, но постојано бил одбиван.
Фото: Screenshot/YouTube
Робин Ли
Ли е извршен директор и коосновач на „Баиду“, најдобриот пребарувач во Кина и една од најпопуларните веб-страници во светот. Ли студирал на престижниот Универзитет во
Пекинг, на масоката менаџмент на информации и се здобил со диплома по наука. Во 1991 година Ли се запишал на Универзитетот во Бафало, САД, како кандидат за докторат. Но, се премислил и магистрирал на истиот универзитет, три години подоцна.
Леи Џун
Веројатно сте користеле производ од корпорацијата на Леи Џун. Коосновачот и претседател на „Шаоми“, еден од најпопуларните светски брендови за паметни телефони, дипломирал на Универзитетот во Вухан и се стекнал со диплома за компјутерски науки.
Ма Хуатенг
Исто така познат и како Пони Ма, Ма Хуатенг е претседател на кинескиот интернет-гигант „Тенсент холдингс“, еден од најголемите бизниси на нацијата. Од април 2020 година Ма Хуатенг е најбогатиот човек во Кина, со нето-вредност од 46,9 милијарди долари, според податоците на „Форбс“. Ма дипломирал на Универзитетот во Шенжен во 1993 година, на насоката компјутерски науки.
Лиу Чуанџи
Основачот на „Леново“, 75-годишниот Лиу Чуанџи, неодамна го најави своето пензионирање. Во 1962 година Лиу се запишал на Институтот за телекомуникациско инженерство при Универзитетот „Ксидијан“. Институтот е универзитет за јавно истражување, а неговата програма за компјутерски науки е рангирана на 8. национално ниво и 22. глобално ниво од извештајот „Ју-ес Њуз& Ворлд“.
Лиу Кијандонг
Наречен и „кинескиот Џеф Безос“, кинескиот претприемач Лиу Кијангдонг е основач и претседател на кинеската компанија за е-трговија „Јd.com“. Со голем интерес за политика, тој се запишал на Универзитетот „Ренмин“ во Кина да студира социологија, но во слободно време учел компјутерско програмирање откако открил дека ќе му обезбеди подобри можности во кариерата. Дипломирал во 1996 година и се стекнал со диплома по социологија, а подоцна и магистрирал на одделот бизнис-администрација на Меѓународното бизнис-училиште Кина-Европа.
Јанг Хуијан
Со нето-вредност од 20,3 милијарди долари, Јанг Хуијан е петтата најбогата личност во Кина и најбогатата жена во Азија според „Форбс“. Таа дипломирала на Државниот универзитет во Охајо во 2003 година. Хуијан поседува 57 отсто од компанијата „Кантри гарден холдингс“ кои ги наследила од нејзиниот татко, а претседател е и на „Брајт сколар еџукејшн холдингс“, кинеска компанија за образование.