Робот-мрзливец ќе ги спасува најзагрозените видови во светот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ботаничката градина на Атланта ќе користи робот-мрзливец за да спаси некои од најзагрозeните видови во светот.
Роботот-слот, наречен „Слотбот“, виси на дрвјата за да ги следи животните, растенијата и околината. Тој има способност да ги следи температурите, временските услови и нивото на јаглероден диоксид.
Роботот бил создаден од инженерите за роботика на Институтот за технологија во Џорџија и користи соларни панели за сам да се напојува. Слично како акциите на вистинските мрзливци, „Слотбот“ се движи бавно по 30-метарскиот кабел наместен помеѓу две дрвја. Во поголеми околини „Слотбот“ ќе може да се префрла помеѓу каблите за да покрие поголема површина.
- Овој
робот ја прифаќа бавноста како принцип на дизајнирање. Ова не е начин на кој роботите се дизајнираат денес, но бавноста и хиперенергетската ефикасност му овозможуваат на „Слотбот“ да остане во околината и да ги набљудува работите што можат да се видат само со постојано присуство со месеци, па дури и со години - велат од Институтот за технологија.
Самиот дизајн на 3Д-отпечатеното тело на роботот е да ги заштити сопствените мотори, брзината, батериите и сензорите.
Роботот бил инспириран од два мрзливци што ги видел професорот Магнус Егерстед во Костарика.
- Излегува дека беа стратешки бавни, а тоа нам ни е потребно ако сакаме да ги распоредиме роботите на подолг временски период - вели професорот.
Освен за набљудување на загрозените видови, роботот може да се користи и за други намени, на пр., прецизно земјоделство. Камерите во роботот можат да детектираат болести на земјоделските култури, промена на влажноста и наезда на инсекти.
- Највозбудливата цел што ќе ја покажеме со „Слотбот“ е обединувањето на роботиката и технологијата со конзервацијата. Правиме истражувања за конзервација на загрозени растенија и екосистеми низ целиот свет, а овој робот ќе ни помогне да најдеме нови и возбудливи начини за да ги унапредиме нашите цели за истражување и зачувување - вели Емили Кофи, потпретседател за конзервација и истражување во Ботаничката градина на Атланта.
Ако роботот биде корисен, истражувачите се надеваат дека ќе го искористат и во Јужна Америка за да го набљудуваат опрашувањето на орхидеите или загрозените жаби.
Фото: Rob Felt, Georgia Tech