Меѓу осумте балкански градови што би требало да ги посетат туристите се најде и еден македонски

Меѓу осумте балкански градови што би требало да ги посетат туристите се најде и еден македонски

Подготвил: Тамара Гроздановски

- Балканскиот полуостров не е важна туристичка дестинација како другите места во Европа, но оваа често занемарена област има сè, од чисти плажи до недопрени планини, од урбани градови до археолошки паркови, а цените се пониски од некои познати туристички дестинации во западна Европа - пишува веб-страницата „Калчр Трип“, за овој дел од светот.

На своите читатели им советуваат што побрзо да го посетат Балканот, пред останатите да дознаат колку е убав.

- Ако барате опуштена атмосфера и неверојатни погледи, Охрид е вистинското место за вас: овој прекрасен град се наоѓа покрај едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охридското Езеро. Градот е една од најпопуларните летни дестинации на Балканот, а во пролет и есен го задржува својот шарм и на посетителите има нуди неверојатни места за посета - пишува веб-страницата за Охрид, кој се најде меѓу осумте градови на Балканот што треба да се посетат.

охрид
Фото: Pixabay

Еве ја целосната листа:

1. Пиран, Словенија
2. Ровињ, Хрватска
3. Мостар, Босна и Херцеговина
4. Берат, Албанија
5. Нови Сад, Србија
6. Будва, Црна Гора
7. Призрен, Косово
8. Охрид, Македонија